Тодороски се раздели со Осијек

387

Младиот репрезентативец Тодор Тодороски не е повеќе дел од Осијек. 22-годишниот Тодороски од 2019 година е дел од овој тим, но запиша само шест настапи за првиот тим.

Десниот бек и клубот се договорија за спогодбен раскин на договорот, и покрај тоа што договорот му беше до летото 2022 година.

Тој минатата сезона беше на позајмица во Шибеник, а по завршувањето на сезоната се врати во Осијек.

ПретходноТоа е голем клуб: Баерн со милионска помош за настраданите во поплавите!
СледноГолден Арт се засили со Миланов, Дрпљанин и Ацев