Битолчани се селат во Маврово, закажана контрола со Металург

198

Ракометарите на Е. Пелистер заминаа на еднонеделни подготовки во Маврово. По петдневниот престој во Битола, Жељко Бабиќ ја поведе комплетната екипа на базичниот дел од подготовките.

Предвидени се еднонеделни активности во познатата база во Маврово, каде пелистерци ќе ја билдаат формата за новата сезона.

На 30. јули Е.Пелистер ќе го одигра првиот контролен натпревар сезоната против Е. Пелистер 2. По враќањето во Битола и слободните денови, на почетокот од август следува третата фаза, во која битолчани ќе одиграат два контролни натпревари против Металург.

ПретходноФановите на ПСЖ против трансферот: Погба послушај ја мајка ти!
СледноНе влезе во финале, но урна национален рекорд