Ерменскиот фудбалер Хенрик Мхитарјан, даде интересна изјава во врска со Жозе Мурињо.
Иако имаше шпекулации за негово заминување, сепак, тој го продолжи договорот на уште една сезона со „волчицата“, и покрај тоа што доживеа непријатности во миговите кога тој и Мурињо беа дел од Јунајтед, па мораше да го напушти тимот.
„На Мурињо нема да му биде грижа дали Рома игра лошо, туку само да освои три бода“, рече Мхитарјан.
Потоа се осврна на новиот договор…
„Останав бидејќи верувам во проектот на клубот. Јас сум среќен, го сакам тимот и градот. Мислам дека можеме да освојуваме пехари“, рече Ерменецот.