Не само што нема финале за нашата кошаркарска репрезентација “Под 20“, туку Македонија во полуфиналето на ФИБА “Челенџерот“ во Шопрон, вечерва од Унгарија катастрофално е поразена со 99-44(29-10, 12-7, 28-11,30-16) Значи момците на селекторот Тони Симиќ загубија со неверојатни 55 поени разлика.
Во текот на целиот меч домашната селекција доминираше на паркетот во салата во Шопрон. Првата четвртина ја доби со 29-10 и се знаеше потоа што следува. Нашите момци беа далеку, далеку под своето ниво.
Во второто полуфинале, Белорусија ја победи Швајцарија со 64-65, па така во финалето на овој турнир силите ќе ги одмерат селекциите на Унгарија и Белорусија.