Во пријателски натпревар во Охрид, на стадионот “Билјанини Извори“ попладнево, Работнички во пријателски натпревар го победи второлигашот Охрид со 2:0. Стрелци на головите и тоа во првиот дел беа Кристијан Стојкоски во 40. и Марио Станковски и 44.минута. Инаку ова беше втот триумф по ред за „романтичарите“, откако славеа пред неколку дена, исто во Охрид, против Ренова. Очигледно е дека тимот на Александар Влахо, полека но сигурно влегува во потребната форма во пресрет на стартот на новата сезона во ПМФЛ, кој започнува на 7/8 август.