Челзи лани плати 53 милиони евра за услугите на Тимо Вернер. Со него, и со засилувањата кои ги плати 250 милиони евра, „сините“ дојдоа до титулата европски првак, а сега германскиот репрезентативец би можел да си замине.
Баерн Минхен подготвува фантастична понуда до Челзи за овој фудбалер, пишуваат германските медиуми. Имено „Баварците“ би можеле да ги шокираат сите и да го земат Вернер, со тоа што во Лондон би го испратиле Роберт Левандовски.
Левандовски веќе има 32 години, Вернер 25, па од тука Баерн би можел многу да добие, но и да изгуби, со оглед дека Лева беше златната копачка минатата сезона, а веќе неколку сезони по ред е најдобар стрелец во Бундеслигата.
Челзи е заинтересиран за Левандовски, тоа не е спорно, па така една ваква понуда би можела да им биде добродојдена.