Вардарци ја „кројат“ тактиката за новата сезона!

464

Ракометарите на Вардар веќе неколку дена засилено се подготвуват на Златибор (Србија), за тоа што следува во новата сезона. Македонскиот шампион и некогашен двоен европски првак, се чини ја “крои“ тактиката за новата сезона. Речиси се е ново во РК Вардар. Нов состав, нов стратег во името на Веселин Вујовиќ пред кого е голем предизвик. Тој заедно со своите момци треба да ги оствари амбициите на раководството на на клубот, но и армијата фанови на црвено – црните, кои и во новата сезона не се така мали. Посебно на домашна сцена.

Покрај, како што рековме на тактички план, вардарци на Златибор работат и на физичката подготвеност, нешто без што навистина не се може во оваа фаза од подготовките.

ПретходноРајо донесе одлука за Димитриевски
СледноИграч на Рома: На Мурињо нема да му биде важно дали играме лошо…