Косово има златен олимписким медал на тукушто започнатите игри во Токио.
Натпреварувачката во џудо, Дистриа Красниќи го освои златниот медал во категоријата до 48. килограми совладувајќи ја домашната претставничка Фуку Тонаки.
Историскиот момент за Красниќи и Косово се случи откако во голема борба во финалето, таа со минимални 1:0 на поени ја совлада Тонаки. Красниќи потоа со солзи радосници го прослави најголемиот успех во кариерата, кој мора да се признае е заслужен со оглед на нејзините квалитети и форма во моментов.