Кој дрес ќе го носи Кејн на 15 август?

408

Хари Кејн ужива на Карибите, а фановите на Тотенхем и Манчестер Сити се прашуваат кој дрес ќе го носи на 15 август. Имено тогаш започнува новата сезона во Премиерлигата а се среќаваат токму Тотенхем и Манчестер Сити.

Според сегашната ситуација, ниту на Тотенхем, ниту на Сити.

Имено Кејн има продолжен одмор и се претпоставува, без разлика дали ќе биде член на едните или другите, дека тој нема да игра на стартот од сезоната.

Инаку пред два дена како “бомба“ одекна веста дека Манчестер Сити за 187 милиони евра веќе го договорил трансферот на капитенот на Тотенхем во своите редови. Следуваа мали деманти, но сепак добрите познавачи на фудбалските прилики на Островот велат дека се е готово, дека Сити ќе го објави трансферот откако Кејн ќе се врати од одмор.

ФОТО: Harry Kane facebook

ПретходноРеал Мадрид го стави Иско на трансфер листа
СледноАлиоски имал милионска понуда од Саудиска Арабија!