Досегашниот играч на Торино кој пак минатата сезона ја мина како позајмен играч во тимот на Милан, Соуалихо Меите е нов играч на тимот на Бенфика.
Тој потпиша дил вреден седум милиони евра, а во Лисабон пристигна откако Милан не сакаше да го откупи неговиот договор.
Играчот за врска кој во моментов има 27. години играше уште и за екипите на Оксер, Монако, Бордо, и Торино.