Мино Раиола заработува убедливо најмногу пари по трансфер

531

Контроверзниот агент, Мино Раиола се грижи за кариерата за неколку големи ѕвезди, како Пол Пигба, Ерлинг Халанд и Златан Ибрахимович.

Според „Форбс“, тој заработува голема сума на пари за секој трансфер, во просек за секоја добро завршена работа на неговата сметка „легнуваат“ 800.000 фунти. Тој е задолжен за кариерата на 77 фудбалери, нивната вкупна вредност изнесува 799 милиони фунти, а имаат договори на повеќе од 613 милиони фунти.

Овој агент од провизија зема 61 милиони фунти. Повеќе од него заработиле Мендеш (75 милиони фунти) и Барнет (103 милиони фунти), но сите овие имаат повеќе клиенти.

Барнет има 673 потпишани клиенти и за секој договор зема 153 илјади фунти, додека пак Мендеш има 149 киленти.

ПретходноЃоковиќ тргна моќно во обидот да ја урне традицијата на Олимписките Игри
СледноШпанија по голема драма ја совлада Германија