Неверојатно: Играч на Баерн како да не сакаше да постигне гол (ВИДЕО)

926

Неверојатно промашување на играчот на Баерн, Џошуа Зиркзе на мечот со Ајакс. Тој како да не сакаше да даде гол, па така му дозволи на дефанзивецот на тимот од Амстердам да расчисти.

Зиркзе илезе сам со голманот, го мина и него, но наместо веднаш да даде гол, премногу чекаше, и така дефанзивата расчисти.

Ова многу ги разлути челниците и стручниот штаб на Баерн Минхен, особено што Зиркзе пред неколку дена наводно побарал да има повеќе минутажа и поголема улога во тимот на „Баварците“. Ама после ова тешко дека ќе ја добие.

 

ПретходноБаерн Минхен со „бомбастична“ понуда до Челзи
СледноСтруга Т.Л. се засили со албанскиот десен бек Пере