Екипата на Манчестер Јунајтед е очигледно презадоволна од работата на сегашниот тренер Оле Гунар Солскјер па реши да потпише нов договор со него во времетраење до 2024 година.
Солсјкер е само еден во низата тренери кои се обидуваат да го заменат легендарниот Сер Алекс Фергусон на клупата на Јунајтед, и засега тој најдобро се снаоѓа. Се бараат титули, Јунајтед одамна ги нема освоено, но клубот очигледно дека верува во Солјскер па затоа и му ја доделува довербата.