Олимпискиот првак за почеток го прегази домаќинот на ОИ

186

Последната средба од првото коло во ракометните случувања на Олимписките игри   доби очекуван епилог. Данска, атуелниот олимписки првак одигра без мислост против домаќинот, Јапонија, славеше со убедливи 47-30.

Победникот на оваа средба беше решен веднаш. Данска поведе со 9-1, а потоа набрзо дојде до двоцифрени 14-4. На одморот резултатот беше 25-14. Ништо не се промени ниту во продолжение.

Холм со девет гола го предводеше својот тим, Хансен беше стрелец на шест гола.

Данска заедно со Египет и Шведска во групата Б стартуваа со победи. Во второто коло, Хансен и неговите соиграчи ќе ги одмерат силите со Египет, меч кој е на програмата во понеделник.

ПретходноИџе со подиум во Имола
СледноМеите официјално во Бенфика