Репрезентацијата на Египет, предводена од екс тренерот на Вардар, селекторот Роберто Гарсија Парондо, со победа ги стартуваше Олимписките игри во Токио во рамките од вториот меч од групата Б. Африканскиот претставник беше подобар од селекцијата на Португалија со конечни 37:31. Првиот дел беше изедначен и заврши 15:15, а потоа фаворитот си ја покажа силата во продолжението.
Најдобар стрелец кај Египет, Хешам со седум погодоци, а по шест постигнаа Ел Ахмар и Омар. Во последниот меч од оваа група во 14:30 играат репрезентациите на Данска и Јапонија, а Данците влегуваат во овој дуел како огромни фаворити.
Инаку, овој натпревар го судеше Македонската ракометна судиска двојка Начевски и Николов.