Македонската кошаркарска репрезентација се подготвува за претквалификациите за С 2023 година. На патот до место во квалификациите пред момците на Драган Бајиќ стојат Словачка и Швајцарија, противници со кои Македонија ќе се сретне во Скопје.
Во меѓувреме оваа селекција го одигра третиот пријателски меч и го забележаа првиот пораз.
На гостувањето во Порто, загубија од домашната селекција на Португалија со резултат (70:75). Во гостинската екипа, Ихринг реализирал 16, Бродзијански 14, а Фушек уште 12.поени.
Селекцијата која во овој циклус ја предводи Русинот Олег Мелешченко, на ова гостување ќе игра и против репрезентацијата на Ангола.