Пјерлуиџи Голини е нов голман на Тотенхем

381

Италијанскиот репрезентативен чувар на мрежата и досегашен голман на тимот на Аталанта, Пјерлуиџи Голини е нов член на тимот на Тотенхем.

Лондончани денеска го промовиаа Голини како едно од првите засилувања летово, и тој ќе биде конкуренција на засега неприкосновениот Уго Лорис.

„Тука сум да покажам дека можам да бидам иднината на Тотенхем. Сега ќе бидам соиграч со Иго, една од легендите на клубот. Сигурен сум дека ќе научам многу од него. Како тим мора да бидеме многу амбициозни, треба да се обидеме да освоиме нешто, ова е голем клуб и тоа треба да биде нашата цел, -изјави Голини на промоцијата како нов играч на Тотенхем.

ПретходноТренерот на Давид Тошевски е нов селектор на Русија
СледноФилип Деркоски последен во квалификациската група на 400 метри слободно (ВИДЕО)