Руската фудбалска легенда, а во моментов тренер на прволигашот Ростов, Валери Карпин е нов селектор на фудбалската репрезентација на Русија.
Неговиот договор е за следниот квалификациски циклус, а потоа ќе се разгледа опцијата за продолжување. Она што е многу важно да се напомене е фактот што Карпин ќе остане воедно и тренер на тимот на Ростов, каде што инаку настапува нашиот Давид Тошевски.