Шкупи го потврди Радески

463

Она што Спортмедиа го најави уште пред три дена, денеска тимот на Шкупи на официјална промоција и го потврди. Македонскиот репрезентативец Марјан Радески е нов член на тимот, како екстра засилување за она што следува следната сезона. Атак на шампионската титула.

Веќе нема дилеми во тоа. Со Радески во составот, напаѓач кој беше дел од Македонската репрезентација на ЕУРО летово, Шкупи дефинитивно позакува трофеји во витрините, и нормално долги европски лета.

„Голема чест и огромно задоволство е да играм за тим како Шкупи. Секој играч би сакал да биде дел од амбициозен клуб, а Шкупи скоро секоја година, се бори за и цели кон титулата. Дојдов тука за да им помогнам на соиграчите и заедно ќе се бориме за првото место. Исто така, мора да ја поздравам навивачката група Шверцери, која ќе биде наш дванаесетти играч и верувам дека на крајот на сезоната, заедно ќе славиме и ќе се радуваме„ – изјави Радески за официјалниот сајт на Шкупи.

ПретходноКарапаз најбрз на друмската трка на ОИ
СледноТренерот на Давид Тошевски е нов селектор на Русија