Шкупи на Азорските острови ќе игра во 22 часот по македонско време!

518

Во четврток, во реванш мечот од 2.квалификациско коло во Конференциската лига, Шкупи му гостува на тимот на Санта Клара од Португалија. Првиот меч во Скопје заврши со 0:3 за португалците, па така реваншот веројатно ќе биде само формалност.

Инаку интересно е тоа што Шкупи, како никоја досега наша екипа, мечот ќе го почне речиси на полноќ, или по македонско време од 22 часот.

Причината е јасна. Овој натпревар се игра во градчето Понта Делгада, кое се наоѓа на Азорските острови. Инаку ова градче е далеку, далеку во Атлантскиот океан. Одалечен е од Португалија точно 1.500 км. Значи чаирчани ќе се изналетаат со авион додека стигнат до Понта Делгада.

Па така со оглед на временската зона, на Азорските острови мечот ќе почне во 20 часот, а тоа по Средноевропско или македонско време е 22 часот.

ПретходноАлиоски имал милионска понуда од Саудиска Арабија!
СледноЖута на пат за Валеренга