Шпанија по голема драма ја совлада Германија

209

Очекувано, Германија и Шпанија дадоа одличен вовед на ОИ во Токио, во главното дерби во првото коло во групата А. Победата ја однесоа шпанските ракометари, славеа со 27-28.

Шпанија поведе со 1-3, на другата страна германските ракометари со серија од 3-0 поведеоа со 7-5, најголемото водство беше 9-6 и 10-7. Сепак ова не беше доволно за да се урне противникот, „фуријата“ се врати, на одморот имаше негатива од 13-12.

Добар вовед на вториот дел за Шпанија, Фернандез по осум минути игра ги постави највисоките 16-19 за неговиот тим во овој дел од мечот. Германија се врат во мечот, израмни на 21-21 за возбудлив финиш. Се играше гол за гол, во 55. минута, новиот вардарец Гурбиндо заработи исклучување.

Уве Генсхајмер ја врати предноста на Германија по подолго време 27-26, но Душебаев ја држеше Шпанија во игра со два гола во низа врати за 27-28. Германците направија ново пробивање, но наместо мирна завршница, Шпанците дозволија слободен удар, но истиот заврши над голот.

Гомез и Фигерас со по пет гола беа најефикасни кај Шпанија, Душебаев постгна 4 гола на другата страна Вајнхолд со пет реализации.

Ова беше последен меч од првото  коло во групата А. Претходно Франција беше подобра од Аргентина, додека Бразил беше совладан од Норвешка.

ПретходноМино Раиола заработува убедливо најмногу пари по трансфер
СледноФановите на ПСЖ против трансферот: Погба послушај ја мајка ти!