Ѓоковиќ тргна моќно во обидот да ја урне традицијата на Олимписките Игри

3886

Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога на првиот меч на Олимписките Игри во Токио. Српскиот тенисер без проблем го совлада Уге Делијен од Боливија со 2-0 по сетови (6-2, 6-2) и се пласираше во второто коло Игрите.

Изедначена игра видовме на почетокот, по 2-2 , следеше целосна доминација на Ноле, првиот сет го доби со 6-2. Тој немаше проблем и во следниот сет, го доби со 6-2.

На овој начин Ѓоковиќ најави дека е црсто решен да ја урне традицијата на ОИ, од враќањето на тенисот на ОИ 1988 година во Сеул, златниот медал го освојувале играчите кои во тој момент не биле првопласирани на АТП ранг листата.

Во второто коло на турнирот Ѓоковиќ ќе игра против Јан Ленард Штруф.

ПретходноПогба го напушта Јунајтед за 50 милиони евра, Гризман сака во Јувентус
СледноМино Раиола заработува убедливо најмногу пари по трансфер