Игор Паноски е новиот дефанзивец на тимот на Воска. Досегашниот член на екипите на Академија Пандев, Беласица, Победа и Металург му се приклучува на амбициозниот второлигаш, во обид ростерот да стане уште посилен.
Тренерот Раде Цицмиловиќ отсекогаш верувал во млади и перспективни фудбалери, и затоа Паноски е и доведен во тимот на Воска.