Рајо донесе одлука за Димитриевски

2993

Иако имаше нелку понуди да ја продолжи кариерата во друг клуб, Столе Димитриевски ќе остане во таборот на Рајо Ваљекано. Рајо се одлучи да го испрати на позајмица Мигел Моро, додека Димитриевски и Лука Зидан ќе останат да се борат за место во тимот.

Димитриевски имаше добар настап на ЕУРО 2020, и беше еден од најдобрите голмани на првенството. За него имаше интерес од неколку шпански, и италијански тимови.

Сепак, Рајо нема да се откаже од продажба, доколку за него пристигне некоја добра и примамлива понуда, во спротивно би требало да остане на голот на Рајо, кој идната сезона ќе игра во Примера.

ПретходноРенова одигра 0:0 со Малишева, Селмани не реализира пенал
СледноВардарци ја „кројат“ тактиката за новата сезона!