Ренова одигра 0:0 со Малишева, Селмани не реализира пенал

384

Денеска во Струга, во пријателски меч екипата на Ренова одигра 0:0 против кососвскиот прволигаш, тимот на Малишева. Според извештаите од Струга, момците на стратегот Ќатип Османи биле подобар противник, имале бројни шанси, но реализацијата потфрлила. Треба да се каже дека на почетокот на второто полувреме Ремзифаик Селмани не успеал да реализира пенал.

Следниот пријателски меч, екипата на Ренова ќе го игра во среда во Охрид и тоа против Вардар.

ПретходноРаботнички почна да реди победи, триумф над Охрид!
СледноРајо донесе одлука за Димитриевски