Струга Т.Л. се засили со албанскиот десен бек Пере

322

Екипата на Струга Трим Лум го промовираше албанскиот интернационалец Миклован Пере за нов играч.

Пере игра на позицијата десен бек и има 30 години, и со неговото искуство треба да придонесе за подобра одбрана во екипата од Струга.

Пере досега настапуваше во екипата на Динамо Тирана, а во минатото играше за Подградец, Турбина, Сопот.

ПретходноНеверојатно: Играч на Баерн како да не сакаше да постигне гол (ВИДЕО)
СледноРадески тргна со чаирчани (ФОТО)