Франција убедливо Аргентина, Норвешка по пресврт го доби Бразил

322

Одиграни се првите натпревари во ракомет на Олимписките Игри во Токио. Франција ја оправда улогата на фаворит против Аргентина, додека пак Норвешка по пресврт го совлада Бразил.

Франција без проблем дојде до трумфот од 33-27. Добрата игра во второто полувреме беше пресудна за крајниот исход на оваа средба. По првото полувреме ракометарите на Франција имаа позитива од 12-10, поведоа со 4-1. Во вториот дел немаа проблем, лесно го приведоа мечот во своја корсит. Ричардсон со седум гола беше најефикасен.

Норвешка и Бразил одиграа одличен меч. „Кариоките“ имаа водство до пред стартот на второто полувреме (12-14), по што следеше целосен пресврт на норвешките ракометари од 5-0 за водство од 17-14. Разликата отиде на пет гола, па Бразил немаше шанса за кам-бек.

Сагосен со осум гола ја предводеше својата селеција, на другата страна екс-вардарецот Мораес постигна три гола.

ПретходноБранковски го освои 21 место на 10. метри воздушен пиштол на ЛОИ
СледноПрвиот златен медал на ОИ и припадна на Кијан Јанг