„Халанд не е играч од светска класа“

560

Ерлинг Халанд игра одличен фудбал. Многумина одбрани паѓаат пред него, но за некогашниот германски дефанзивец, Јирген Колер, тој не е играч од светска класа.

Некогашниот член на Борусија Дортмунд беше искрен кон младиот напаѓач.

„Тој се уште не е играч од светска класа. Тој е врвен напаѓач, ги има сите предиспозиции да постане светска класа, но се уште не е таму“, изјави Колер.

Халанд минатата сезона блескаше во дресот на Дортмунд постигна 41 гол на 41 натпревар.

Но спред неогашната фудбалска легенда тој треба уште да работи за да биде светска класа. Колер седум години мина во дресот на Дортмунд, од 1995 до 2002 година по што стави крај на својата кариера.

ПретходноПрвиот златен медал на ОИ и припадна на Кијан Јанг
СледноПогба го напушта Јунајтед за 50 милиони евра, Гризман сака во Јувентус