Веспрем неочекувано остана без услугите на Рожерио Мораес. Поранешниот вардарец го извести раководството на унгарскиот тим дека ќе мора предвреме да ја раскинат соработката поради семејни причини.
Од таборот на Веспрем беа шокирани, бидејќи Бразилецот беше во плановите за следната сезона. Станува збор за унгарскиот репрезентативец Адриан Сипос, кој има 31 година и доаѓа од Татабања. Тој ќе им прави друштво на Андреас Нилсон и Блаж Благотиншек на линијата од шест метри.