Гнев во Австралија: Дали имаше кражба во трката на 100 метри пеперутка?

1568

За контроверзната завршница на полуфиналната трка на 100 метри пеперутка за жени, денеска најмногу се дискутираше во Токио. Имено се случи голема контроверзна одлука, по која Австралија е во шок, гневна е експедцијата на ОИ од оваа земја. И тоа поради финишот, и тоа поради една фотографија која јавноста ја виде веднаш по трката.

Ема МекКеон од Австралија и Јуфеи Жанг од Кина, според судиите трката ја завршиле со исто време, со 55,82 секунди. И така тие го поделија првото место.

Сепак од фотографијата се гледа дека пливачката од Австралија прва дојде до целта. Од таму овој гнев во спортска Австралија и неверица во светот на спортот.

Да се потсетиме дека нешто слично се случи и на ОИ во Пекинг во 2008 година. Тогаш се чинеше, барем според снимките, дека Чавиќ од Србија трката ја заврши прв, но судиите му ја доделија победата на Фелпс од САД.

ПретходноУтре во 12 часот ждрепката за ПМФЛ за сезоната 2021/22!
СледноНеверојатно: Влаховиќ за 35 минути постигна седум голови!