Италијанецот Мареска ќе и суди на Шкендија, Ирци на Шкупи!

204

На 29 јули се играат реваншите од 2.квалификациско коло во Конференциската лига. Шкендија ќе ја дочека Рига, се игра на Арената во Скопје со почеток од 20 часот. Главен судија на овој меч ќе биде познатиот Фабио Мареска од Италија, и неговите помошници исто се од Италија.

Шкупи пак му гостува на тимот на Санта Клара и тоа на Азорските острови. Овој меч започнува во 22 часот по македонско време. За главен судија делегиран е Роб Хенеси од Р. Ирска, кој заедно со своите сонародници ќе ја дели правдата на овој реванш меч.

Да кажеме дека Шкендија дома ќе “брка“ негатива од 0:2 против тимот од Летонија, додека Шкупи пак има 0:3 од првиот меч во Скопје.

ФОТО: Sempreinter.com

Претходно„Марка“ тврди: Мбапе дефинитивно го напушта ПСЖ
СледноСтруга Трим Лум без проблеми со Гњилане…