Шпанска „Марка“ тврди дека Килијан Мбапе донел одлука за својата кариера.
Според овој весник, францускиот репрезентативец го известил раководството на ПСЖ дека нема да го продолжи договорот и дека е време за нови предизвици. Тренерот, Маурицио Покетино неодамна изјави дека нема да форсира да замине ова лето, туку следното кога истекува неговиот договор.
И покрај ова, се очекува раководството на францускиот тим да го продаде Мбапе за да не изгуби пари. За него веќе одамна е заинтересиран Реал Мадрид, а во редот застана и Ливерпул. На Трансфермаркет неговата вредност е 160 милиони евра. Дали некој од заинтересираните клубови ќе ја одвои оваа сума ќе биде познато до крајот на овој трансфер период.