Не се сите среќни од ангажманот на Јулијан Нагелсман на тренерската клупа на Баерн Минхен. Тоа се докажало и вчера кога Баерн играше на домашен терен со Ајакс, во рамките од „Ауди Купот“.
Тоа беше и прв меч на Нагелсман пред домашната публика, но фановите никако не можат да му го простат тоа што овој тренер во минатото бил дел од Минхен 1860.
„Нагеслсман свињо, врати се од каде што си дошол“, наводно скандирале навивачите на Баерн.
34-годишниот тренер бил играч на Минхен 1860, ги минал сите селекции, а бил и помошен тренер. После мечот Нагелсман изјавил:
„Барам толеранција. Не мораат сите да плескаат што доаѓам од ривал на Баерн Минхен од ист град. Но секој мора да внимава на начинот како ќе го изрази тоа“, рекол Нагелсман.