Победа од Прилеп е победник на 21.издание на Меморијалниот турнир „Вуко Каров“ кој се одржа попладнево на Градскиот стадион во Кавадарци. Во битката за првото место, прилепчани го победија Тиквеш и тоа на пенали, откако резултатот по 45.минути беше 0:0. Па така Тиквеш, како домаќин и овојпат не успеа да дојде до првото место, заврши како втор.
На третото место се пласира Вардар, кој по тие 0:0 загуби од Победа на пенали, а беше совладан од Тиквеш со 0:1 и тоа со голот на Симе Христов.
Да кажеме дека на трибините на стадионот во Кавадарци имаше доста гледачи, а посебен шмек даваа “лозарите“ и “комитите“.