Џанлуиџи Буфон после 20 години се врати во таборот на Парма. Легендарниот голман ќе брани во Серија „Б“ и ќе се обиде да му помогне на тимот да се врати во најелтното натпреварување.
Во интервју за „Газета“ кажа дека покрај враќањето во Серија „А“ на Парма, сон му е да игра за Италија на СП 2022 во Катар.
„САкам прво да се вратам со Парма во Серија „А“, а потоа и да бидам дел од Мундијалот во 2022 година. Но, знам дека Манчини тешко ќе ми се јави. Тој си има своја група, и одлични фудбалери“, рече Буфон.