Најдобриот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо со приватен авион пристигна во Торино и веќе во понеделник треба да им се приклучи на своите соиграчи на подготовките за новата сезона.
Португалецот по завршување на Европското првенство и одморот, се подготвуваше индивидуално, но време е да се стави на располагање на новиот тренер, Масимилијано Алегри, тренерот со кого соработуваше во својата прва сезона во Јувентус.
Претходните недели имаше полемики дали ќе ја одработи четвртата година од својот договор или ќе замине во ПСЖ, кој немаше да се штеди за неговите услуги. Но, Павел Недвет потврди дека Португалецот ќе остане во Торино.
Дали навистина ќе биде вака, останува да видиме.
#CR7 è atterrato a Torino: domani è atteso alla Continassa // CR7 has landed in Turin: he is expected at Continassa tomorrow 🛬🇵🇹 @Goalitalia @Goal pic.twitter.com/go311pIDWY
— Romeo Agresti (@romeoagresti) July 25, 2021