Рафаел Варан е на чекор до заминување од Реал Мадрид и потпис со Манчестер Јунајтед.
Бројни медиуми ја потврдија оваа информација. Преговорите се на самиот крај, двете страни решаваат одредени детали. Бројките не се познати, она што е сигурно е дека Јунајтед нема намера да плати 60 милиони евра, додека пак Реал нема да се согласат со првата понуда од 40 милиони евра. Се очекува сумата да биде некаде измеѓу, а во истата да бидат вклучени бонусите.
Според извори од Франција, двата клуба денеска имале состанок кој траел неколку часа, следните седум дена ќе бидат клучни и најверојатно трансферот ќе биде официјализиран.
Варан е на подготовки со “кралскиот“ тим ја чека завршницата. Тој во дресот на Реал Мадрид испиша златна историја, па сигурно неговото заминување ќе боли повеќе од она на Серхио Рамос.