Навивачите на Баерн го навредувале Нагелсман!

428

Не се сите среќни од ангажманот на Јулијан Нагелсман на тренерската клупа на Баерн Минхен. Тоа се докажало и вчера кога Баерн играше на домашен терен со Ајакс, во рамките од „Ауди Купот“.

Тоа беше и прв меч на Нагелсман пред домашната публика, но фановите никако не можат да му го простат тоа што овој тренер во минатото бил дел од Минхен 1860.

„Нагеслсман свињо, врати се од каде што си дошол“, наводно скандирале навивачите на Баерн.

34-годишниот тренер бил играч на Минхен 1860, ги минал сите селекции, а бил и помошен тренер. После мечот Нагелсман изјавил:

„Барам толеранција. Не мораат сите да плескаат што доаѓам од ривал на Баерн Минхен од ист град. Но секој мора да внимава на начинот како ќе го изрази тоа“, рекол Нагелсман.

ПретходноПреку МОК, Димевски, Богоевски и Мојсовски го ставиле семејството за приоритетна вакцинација за ОИ во Токио
СледноОстанува само потпис: Алиоски две години во Ал Ахли, ќе заработи вкупно пет милиони евра!