Холандската велосипедистка Анемиек Ван Флојтен, мислила дека е олимписка шампионска откако стигнала на целта, но освоила само сребро.
Таа била фаворитка за златото во Токио, а пред самата трка ги омаловажила останатите натпреварувачки, практично освен себе не видела никој друг на позицијата број 1.
„Квалитетот ќе биде послаб од последните неколку години. Пола од добрите натпреварувачки остана дома. Титулата светски првак е поважен и вреди повеќе“, рече тогаш Ван Флојтен.
Меѓутоа трката неочекувано ја добила 30-годишната Ана Кисенхофер од Австрија, која порано била 44. место на Светското првенство, а оваа натпреварувачка немала ниту натпреварувачки тим.
Ван Флојтен завршила како втора. Но, на целта славела како да е златна, подигнала раце, но не знаела дека Кисенхофер прва ја минала целта.
Annemiek van Vleuten won the silver medal, Elisa Longo Borghini the bronze. Annemiek didn’t know that there is another rider up the road so she celebrated the victory. Must have been a terrible feeling when she realized what happened…. 😬 #CyclingRoad pic.twitter.com/BgkARUxB7c
— Mihai Simion (@faustocoppi60) July 25, 2021