Вечерва во фудбалска Европа една од главните теми на дискусија е Душан Влаховиќ. Србинот, кој игра за Фиорентина, доцна попладнево во пријателски натпревар за својата екипа против аматерскиот состав на Фолињо успеа за само 35 минути да постигне дури СЕДУМ голови. Фиорентина победи со 11:0, но по првото полувреме резултатот беше само 3:0.
И тогаш Србинот, во 46., 47., 55., 69. (пенал),71., 78., и 80.минута стрелаше во седум наврати. Беше постигнат уште еден гол за конечни 11:0.
Навистина неверојатно достигнување на Влаховиќ за кого се заинтересирани речиси сите големи клубови во Европа.
ФОТО: acf fiorentina twitter