Нов француски кошмар за „Дрим Тимот“

313

Сензација на стартот на Олимписките Игри во Токио. Франција по вторпат во својата историја дојде до победа над САД, а првпат на ОИ. На отварањето сосема заслужено се радуваше на трумфот од 83-76.

Еван Фурние со 28 поени беше прв стрелец, на другата страна Холидеј запиша 18 поени.

Последната четвртина тргна во знакот на Американците, се чинеше дека го имаат мечот во свои раце, но Франција се издигна, ги казни сите промашувања на противникот за голема радост и ден кој долго време ќе се памети во оваа земја.

Дуелот го отворија француските кошаркари , поведоа со 9-6. САД брзо го наметна своето темпо, највисоката предност беше девет поени (13-22). Пред крајот на вториот период, момците на Грег Попович дојдоа на плус десет (35-45).

Сето ова не го исплаши противникот. Франција се разбуди во третиот период. Нападот на Америкканците како да запре, при 52-52 направија серија од 10-2. Во последната четвртина влегоа со позитива од 62-56.

Следеше нов пресврт во корист на САД, со серија од 13-1 го вратија водството од 63-69. Триумфот не беше обезбеден, Франција ја држеше неизвесноста на дуелот, поведе со 76-74 на една минути до крајот.

На другата страна Американците влегоа во серија на промашувања. Де Коло реализираше две слободни фрлања за 78-74 на 20 секунди до крајот. Згора на се, Американциите направија неспортска лична грешка, Гобер реалираше за 81-74. Тука беше крајот на оваа пресметка.

Претходно, Иран беше совладан од Чешка, Германија загуби од Италија и Австралија ја порази Нигерија со 84-67.

ПретходноБуфон сака да игра на Мундијалот 2022 но е реален: „Тешко дека ќе ме земат“
СледноТотенхем ја засилува одбраната со хрватски репрезентативец