САД со пораз ги отвори Олимписките игри во Токио. Тимот кој постојано доминира во светот во првото коло го положи оружјето пред Франција, која по вторпат успева да дојде до победа над „Дрим тимот“.
За многумина триумфот е изненадување, но не и за селекторот на Американците, Грег Попович.
„Некогаш славите, некогаш сте разочарани, но не гледам причина зошто ова е изненадување? Според вас најверојатно треба да го добиеме секој натпревар со 30 разлика, за да кажете тоа е тоа.
Разликата меѓу американската и европската кошарка е се помала. Европјаните играат се подобро и ние мора да бидеме свесни за тоа“, изјави по поразот од Франција (83-76), Попович.