Преку МОК, Димевски, Богоевски и Мојсовски го ставиле семејството за приоритетна вакцинација за ОИ во Токио

1244

Скандал во најава. Македонскиот олимписки комитет, поточно првиот човек Даниел Димевски ја злоупотребил својата функција.

Искусниот голман, Борко Ристовски на својот Инстаграм профил објави документ на кој може да се види дека Димевски бара приоритетна вакцинација, не само за себе и Богоевски, туку и за нивните семејства.

Убаво може да се види дека станува збор за сопруги и деца, а на овој список се најде и Наумче Мојсовски и неговата поубава половина. Ова барање е пред заминувањето на Олимписките игри, но останува нејасно дали ги однеле и семејствата во Токио. Ако е така, тогаш тоа е уште поголем скандал.

Како во ниту една држава, највисокото државно спортско тело, МОК, наместо за развој на спортот се користи за приватни цели.

Борко најави дека ќе бара одговорност од сите, ова дело не треба да мине без казна.

ПретходноТрагедија: Во несреќа загина 14-годишен возач на мотор
СледноНавивачите на Баерн го навредувале Нагелсман!