Пресврт: Алиоски ја прифаќа богатата понуда од Ал Ахли!?

1074

Ал Ахли му нуди добри финансиски услови на Езџјан Алиоски, да дојде во Саудиска Арабија.

Имено, понудата е годишна плата од 1,5 милиони евра годишна, за двегодишен договор, плус бонус од 1 милион евра. Што значи четири милиони за две години договор.

Алиоски беше поврзуван со Галатасарај, но трансферот се чини пропадна, а исто така имаше интерес и од Трабзонспор.

Пред неколку дена за овој тим потпиша познатиот Паулињо, а член е и Домагој Брадариќ од Хрватска.

ПретходноБернард од Евертон во УАЕ
СледноЈуниорите на два „теста“ со Србија