Радичевиќ ја потопи Ангола

178

Црна Гора тргна фуриозно на Олимписките игри во Токио. Во првото коло на ракометниот турнир ја совлада Ангола со 33-22. Во центарот на вниманието беше Јованка Радичевиќ.

Екс-вардарката ја предводеше својата репрезентација до триумфот, запиша 12 погодоци.

Ангола беше рамноправен противник во првото полувреме, имаше негатива од 12-10. Во продолжение Црна Гора ја зацврсти одбраната, постигна 20 гола, доволно за победа.

На останатите две средби Холандија ја совлада Јапонија 32-21, додека Русија и Бразил одиграа без победник 24-24.

ПретходноОсака фуриозно на стартот на Олимписките игри
СледноМексико лесно во полуфиналето на Голд купот, Катар оди понатаму (ВИДЕО)