Хајдук – Осијек 1:2, во дербито на колото во ХНЛ, меч кој се одигра вечерва на „Пољуд“. И веднаш треба да се каже дека беше постигнат ретко убав гол, и тој гол во најмала рака беше спектакуларен, стрелец на тој фантастичен погодок беше Марко Ливаја за водство на Хајдук од 1:0 во 63.минута.
Сепак радоста траеше кусо, Осијек две минути подоцна израмни на 1:1 преку Јурчевиќ, за да Пиљ во 87.минута ги шокираше сплитските “били“ за конечни 1:2 за гостите.
Нашиот Јани Атанасов за Хајдук ги одигра последните 12-13 минути.
ФОТО: NK Hajduk Facebook
Marko Livaja vs Osijek 🚀⚽️#Hajduk pic.twitter.com/fX38gcYO7S
— Nogomet+ (@NogometPlusNet) July 25, 2021