Фудбалерите на Струга Трим Лум попладнево на Градскиот стадион во Струга, во пријателски меч, со 2:0 успеаја да го победат Гњилане, тим од Косово. Во текот на целиот меч момците на стратегот Срѓан Захариевски биле подобри, создале повеќе шанси за гол, а постигнале два. Стрелци за стружани биле Босанчиќ и Скендери.
Се чини дека Струга ТЛ брзо се опорави по онаа елиминација во 1.квалификациско коло во Конференциската лига од Лиепаја.
Инаку пред мечот имаше мала прослава. Имено од судењето се прости Ацо Мацески.