Екипата на Тирана денеска го промовираше Енур Тотре за најново засилување.
Фудбалерот од средниот ред и повремен репрезентативец како слободен доаѓа во овој тим, откако му заврши договорот со Шкендија.
Тотре потпиша тригодишен договор за оваа екипа, и ќе им се приклучи на Филип Најдовски и Кристијан Тошевски кои исто така играат во оваа екипа.