Според информациите, хрватскиот репрезентативец Дује Чалета-Цар заминува во Англија. И тоа во дресот на Тотенхем.
Чалета-Цар треба да замине во Лондон во следните неколку дена, а овој трансфер е изненадување, со оглед дека беше поврзуван со Вест Хем.
Хрватот во минатата сезона требаше да замине во Ливерпул, но во последен миг пропадна трансферот.