Унгарија добро ја испоти Франција

169

Француските ракометарки со победа над Унгарија ги почнаа Летните олимписки игри во Токио, на стартот на совладаа Унгарија со 30-29.

Победникот на оваа средба, добро го отвори мечот, поведе со 4-0, но унгарските ракометарки веднаш израмнина на 4-4. Квалитетот на Франција сепак си го стори своето, Лејно беше одлична на голот, па нејзината репрезентација на одморот замина со позитива од 15-12.

Во второто полувреме, Франција го наметна своето темпо, имаше позитива од четири гола (16-20), Унгарија се закани на момент, намали на 28-29, но немаше сили за пресврт.

Заади со 10 голови беше лидер кај победникот, додека кај Унгарија најдобра беше Вамос со седум погодоци.

ПретходноТотенхем ја засилува одбраната со хрватски репрезентативец
СледноВест на денот во Торино – Кристијано Роналдо